Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ има подготвено доктрина со 16 теми за тоа каде треба да се движи Македонија во иднина

ВМРО-ДПМНЕ има подготвено доктрина со 16 теми за тоа каде треба да се движи Македонија во иднина

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,  Ѓорѓија Сајкоски изјави дека 517 делегати ќе бидат присутни денеска на Конгресот, а единствен кандидат за лидер е Христијан Мицкоски. 

Кажа дека ќе донесат документ, акт, односно доктрина за во иднина каде треба да се движи Македонија. Во самата доктрина се фокусираат на 16 теми, меѓу кои и како граѓаните да останат во државава. Нудат нови теми и за образованието.  Вели дека државата е во тешка економска, социјална, здравствена и енергетска криза, за што вели дека нема одговорност. 

„Веруваме и сигурни сме дека ќе излеземе уште посигурни и пообединети и ќе донесеме големи победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија“, рече Сајкоски. 

Ова е 17-ти редовен конгрес на партијата. 

Слично

Поврзани вести