Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ има нов координатор - Илија Димовски се повлекува?

ВМРО-ДПМНЕ има нов координатор - Илија Димовски се повлекува?

Владимир Ѓорчев неофицијално ќе ја координира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што Илија Димовски се повлекува од оваа позиција. 

Оваа информација засега никој не ја потврдува ниту ја демантира, а неофицијално се размислува и за бројот на пратенички групи. 

Пратеникот Димовски заедно со неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со отворено писмо побара одложување на изборот на нов лидер на партијата. Овие информации доаѓааат непосредно по конгресот што се одржа викендов во Валандово, на кој Христијан Мицкоски стана нов лидер, а Никола Груевски кажа дека си заминува од функцијата со ножеви во грбот и дека го предале блиски луѓе од партијата. 

Слично

Поврзани вести