Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ и во Велес ќе ги меша локалните избори со мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ и во Велес ќе ги меша локалните избори со мигрантите

Општинските совети во кои доминира ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со безмислените иницијативи за одржување на референдуми на денот на локалните избори на 15 октомври на кои треба и да се гласа против населувањето на мигранти што е сосема измислена приказна која опозицијата сака да ја наметне кај граѓаните и да го искористи нивниот страв.

Сега и претседателот на советот на општина Велес Александар Колев тврди дека владата побарала од општина Велес локации за изградба на станови за мигранти. Колев бил загрижен оти мигранти можеле да ја сменат демографската карта на градот, да учеле во велешките училишта и факултети, но и да се вработувале.

„Овој национален план се бара да се изјасни околу обезбедувљњето на проекти за изградба на објекти со кои ќе се обезбеди поврзување на донатори и грандоначалници со целзголемување на капацитетите за инвстиции во социјални станови кои ќе бидат наменети за целната група бегалци“ - вели Колев за ТВ 24.

Барањето доаѓа само еден откако градоначалникот, Славчо Чадиев за еден локален портал изјави дека до него не стигнало никакво барање за локации. Колев вели – градоначалникот тоа го демантираше, покажа документ за кој тврди дека е барање и ја посочи локацијата кај велешката касарна како можна локација за изградба на становите.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, но доколку советот донесе одлука за референдум и членовите на СДСМ ќе гласаат против изградба на станови.

Слично

Поврзани вести