ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бираат помеѓу двајца можни кандидати за градоначалник на Скопје
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пред локалните избори се во двојна дилема кој можен кандидат за градоначалник на Скопје да се поддржи.
Кај ВРМО-ДПМНЕ дилемата е помеѓу актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој се смета за најпопуларен помеѓу сите градоначалници од редовите на владеаачката партија во скопските општини, како и актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински.
Во телевизиско гостување, Перински синоќа рече дека кој и да биде избран од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник на главниот град, победата ќе биде негова.
Кај СДСМ некое време се споменува архитектот Мишко Ралев, но на него му конкурира Ѓорѓи Галетановски, претседателот на СДСМ Скопје и поранешен директор на скопската зоолошка градина.
Ралев е декан на факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).
