Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ И ДЕНЕС ГИ БЛОКИРАШЕ УЛИЦИТЕ: Mилошоски вели дека Договорот со Бугарија отворил проблеми

ВМРО-ДПМНЕ И ДЕНЕС ГИ БЛОКИРАШЕ УЛИЦИТЕ: Mилошоски вели дека Договорот со Бугарија отворил проблеми

ВМРО-ДПМНЕ и денеска блокираше патишта во Скопје и во 10 други градови во државата. 

Пратеникот Антонио Милошовски изјави дека тајните преговори на двоецот Зоран Заев-Владо Бучковски со официјална Софија, докажуваат дека Договорот со Бугарија не ги решил проблемите меѓу двете земји. Напротив, вели дека овој договор отворил нови проблеми. 

„Очигледно е дека Заев лажел, Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да се соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите кои што Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ“, вели Милошоски. 

Бараат Владата јавно да ги објави преговорите со Бугарија, во спротивно протестите и блокадите на патиштата ќе продолжат барем до петок,  со можност  да продолжат и понатаму. 

Претседателот на САД Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот.

Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, вклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот договор.

Слично

Поврзани вести