Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ И АЛТЕРНАТИВА-АЛИЈАНСА: Коалиција која ќе ќи победи поделбите, порача Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ И АЛТЕРНАТИВА-АЛИЈАНСА: Коалиција која ќе ќи победи поделбите, порача Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Берово, одговарајќи на новинарско прашање во однос на склучената соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива нагласи дека станува збор за историски чекор

– Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови, ќе се подржуваме во определени општини, ќе се подржуваме на ниво на кандидати за градоначалници. Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива-Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно таму каде што ќе има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса-Алтернатива да не кандидира, се разбира во тие општини каде таа соработка е договорена. Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ и дека може поинаку и дека не треба да се губи надежта и дека најдобрите времиња допрва доаѓаат, нагласи Мицкоски.


Слично

Поврзани вести