Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните умираат дома или по пат до болница додека Филипче држи пресови

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните умираат дома или по пат до болница додека Филипче држи пресови

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека додека министерот за здравство, Венко Филипче држи банални и бледи прес-конференции и си продолжува со портпаролска работа, граѓаните умираат дома или по пат до болница.

„Филипче ветуваше монтажни болници, за денес граѓани да се лекуваат сами по дома, по ходници и дворови на болниците. Срамота, во 21 век граѓаните се третираат како робови, а преку ред се тестираат функционери", велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се доведени во состојба ако сакаат да се тестираат од Ковид-19 да дадат пари по приватни лаборатории, а ако немаат пари да умираат, бидејќи во јавно здравство нема термини за тестирање.

Порачуваат и дека колку повеќе Филипче седи на министерско место, толку повеќе штета ќе им биде нанесена на граѓаните.

Синоќа од партијата оставија каранфили пред Владата во чест на починатите од коронавирусот и побараа оставка од Филипче. Болниците се полни. Министерот Филипче повика граѓаните да не излегуваат од дома доколку немаат потреба. 

Слично

Поврзани вести