Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат избори за да СДС си ја добие својата казна

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат избори за да СДС си ја добие својата казна

Граѓаните на Република Македонија бараат предвремени парламентарни избори за да СДС си ја добие својата казна, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Партијата повторува дека СДС е однародена партија која, како што велат, секој миг е подготвена да ја продаде земјата за да дојде на власт.

„Затоа народот е на улица. Затоа народот секој ден излегува и порачува на лажговците од СДС дека нивните лаги ги прочитале. Лагите на СДС веќе не поминуваат кај македонскиот народ“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Да им беше важен народот немаше да дозволат да го навредуваат творците на Тиранската платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати. СДС немаше да дозволи Зијадин Села што се однесува како нивен портпарол да го негира постоењето на македонскиот народ, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести