Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од партиската функција по коруптивниот скандал

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од партиската функција по коруптивниот скандал

Централниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ вчера одржа седница на која беа донесени повеќе значајни одлуки поврзани со подготовките за претстојниот редовен партиски Конгрес, закажан за 6 декември во Кавадарци, а беше и разрешен директорот на земјоделската платежна агенција Илија Стоилев по коруптивниот скандал со ИПАРД-прграмата

На Централниот Комитет била донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исто така била донесена одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

– Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа беше формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот – се наведува во соопштението од ВМРО–ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести