Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОСЛУША АНТИКОРУПЦИСКА - измените на законот за јавни набавки кои денеска ги поднесоа во Собранието ќе одат во редовна, а не по скратена постапка

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОСЛУША АНТИКОРУПЦИСКА - измените на законот за јавни набавки кои денеска ги поднесоа во Собранието ќе одат во редовна, а не по скратена постапка

Антикорупционерите имаат став дека измените на Законот за јавни набавки треба да одат во редовна, а не по скратена постапка. Тоа мислење на денешната средба го послушале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ги поднеле измените на Законот за јавни набавки во редовна постапка.

Група пратеници од ВМРО ДПМНЕ, според информациите, денеска оствариле средба со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата, предводена од претседателката Татјана Димитровска. 

Тема на состанокот биле предложените измени во Законот за јавните набавки, за што, како што нагласуваат нашите извори, во конструктивна атмосфера биле разменети мислења за потребните реформи во делот на зајакнувањето на системот на управување со јавните набавки. 

„На состанокот беше усогласен заеднички став и тоа подносителите на измените на Законот истиот наместо во скратена да го поднесат во редовна постапка, а од своја страна ДКСК во меѓувреме да изготви анализа и мислење во врска со Законот за јавните набавки и да го достави до пратениците. После состанокот групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка, при што се очекува утврдувањето на потребата за носење на овој закон да се најде на дневен ред следната недела, на седницата закажана на 18ти декември“, објаснуваат нашите соговорници.

Слично

Поврзани вести