Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Трендафилов откако побара 500 евра минимналана плата: Работи координирано со СДС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Трендафилов откако побара 500 евра минимналана плата: Работи координирано со СДС

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го нападна Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, откако вчера категорично побара минималната плата да се зголеми на 500 евра.

Од владеачката партија во денешното соопштение го таргетираат Трендафилов дека работел координирано со политиките на опозициската СДСМ и дека бил поставен на таа функција во нивно време.

„Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ? Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС. Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.

Барањата на ССМ се барања направени во СДС. Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција“, се огласи денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Трендафилов на вчерашната прес-конференција рече дека функционерите од овој месец ќе добијат повисоки плати согласно пресметката за просечната плата во 2024 и им порача да го прифатат предлогот за минимална плата од 30.000 денари.

- Ако некој еднострано одлучи да ја отфрли иницијативата за зачувување на животниот стандард на работниците, ние можеме да донесеме еднострана одлука за штрајк,се закани лидерот на ССМ.

Побара до средината на март да има почетен разговор на ниво на Економско-социјалниот совет, за сметководителите да имаат време да ја пресметаат мартовската плата. ССМ бара на редовното зголемување на минималната на плата од 24.400 денари, да се додадат уште 6.000 денари,со тоа што за таа разлика работодавците да не ги плаќаат социјалните придонеси. 

Слично

Поврзани вести