Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го демантира Рама, не прифатиле платформа

ВМРО-ДПМНЕ го демантира Рама, не прифатиле платформа

Целосна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатило Тиранската платформа, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ниту некогаш преговараше, ниту се согласи со Тиранската платформа, соопшти партијата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ ја демантираат изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама дека партијата целосно ја прифатила Тиранската платформа.

Партијата во демантот наведува дека го осудува континуираното мешање на Рама во внатрешните работи на Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Рама со пласирање на ваквите лаги сака да ја релативизира опасноста од Тиранската платформа и сака да отвори простор неговиот истомисленик Зоран Заев да ја реализира што поскоро.

За локалната телевизија „Визион плус“ Рама изјавил дека „првично лидерот на ВМРО-Никола Груевски ја прифатил „Албанската платформа“, но подоцна го прекршил договорот“. 

Слично

Поврзани вести