Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги сруши сите рекорди со поднесените амандмани против законот за јазици

ВМРО-ДПМНЕ ги сруши сите рекорди со поднесените амандмани против законот за јазици

Рекордни 35 илјади амандмани ќе го спречат носењето на законот за унапредување на јазиците во законодавниот дом. Станува збор за огромна бројка на поднесе амандмани кои имаат единствена цел кочење на постапката за изгласување на новиот Закон за јазиците што е легитимна опозициска тактика во работата на Собранието но, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека големиот број е оправдан

„Амандманите се суштински, овој Закон е во спротивност со Уставот на Република Македонија и ние бараме од предлагачот, односно Владата предводена од СДСМ, да го повлече истиот. Првенствено настапуваме со амандмани, не би рекол дека тоа е блокирање, ние бараме унапредување на сите етнички заедници во Република Македонија“, вели Орце Ѓорѓиевски – ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека сака насила да го донесе Законот без соодветна јавна дебата и без почитување на забелешките кои ги упатува стручната јавност, професорите, како и институциите од науката. 

Слично

Поврзани вести