ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на дел од кандидатите за локалните избори
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дел од кандидатите за градоначалници.
Екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски е номиниран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, за Тетово кандидат е Горан Манојловски. За Прилеп го предлага актуелниот градоначалник Марјан Ристески, за Брвеница предложен е Стојан Тодоровски, за Демир Капија Трајче Димитреиев, за Новаци Лазар Котевски.
Предложените кандидати ќе придонесат кон подобрување на реалните потреби на граѓаните, смета генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски.
„Доказ за тоа се обемните програми кои во соработка со граѓаните и со врвни експерти се изготвуваат, а кои ќе значат нови дела за сегашните, но и за идните генерации“- вели Мицковски.
Мицковски додава дека нудат концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност.
