Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите за државјанствата

ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите за државјанствата

ВМРО-ДПМНЕ преку координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, соопшти дека ќе ги повлечат амандманите поднесени на измените на Законот за државјанство со цел да се одблокира работата на Собранието и да се изгласа петтиот пакет на економски мерки.

Истовремено побарано е од опозициската коалиција Aлијанса – Aлтернатива да ги повлече сите амандмани поднесени за петтиот економски пакет мерки.

„Заради пазарењето на Заев и СДСМ и нивното лицемерие, граѓаните останаа без помош“, рече Мицевски.

Влера премиерот Зоран Заев дека ќе се анализира нов Закон за државјанство, кој треба до петок да ја добие својата содржина а од следната недела да влезе во Собрание.

Повеќе од 1.000 граѓани треба да добијат македонско државјанство со законските измени.

Слично

Поврзани вести