Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Сајкоски, објави дека победничката партија денеска во Државната изборна комисија ги подигна 58-те пратенички мандати кои се потврдени по парламентарните избори на 8 мај.

„Денес свечено ни беа врачени уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

Огромна благодарност до граѓаните што со огромно мнозинство ја изразија својата поддршка. Оваа поддршка е голема одговорност за нас и ние истата ќе ја оправдаме.

Очекувам да формираме Влада која ќе испорача брзи реформи и резултати. Ќе работиме во Собранието и Владата за секој еден човек и граѓанин“, објави Сајкоски.

Теоретски, ВМРО-ДПМНЕ имашанси за ушѓте еден пратеник на утрешното прегласување,кое ќе се повторува во седум избирачки места во ИЕ5 и ИЕ6.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде иден мандатар. Во тек се преговорите за коалицирање со „Влен“.


Слично

Поврзани вести