Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ ги осудува насилниците кои нападнаа пратеници, ама и бараат нивна амнестија

ВМРО ДПМНЕ ги осудува насилниците кои нападнаа пратеници, ама и бараат нивна амнестија

Деновиве Јавното обвинителство ја засили истрагата во врска со “крававиот четврток“ и почна да приведува осомничени лица. Денеска паднаа и четирите 30-дневни притвори, а токму ова прашање предизвика реакција на опозициската партија.

ВМРО ДПМНЕ преку Извршниот комитет бара да се ослободат приведените во насилните инциденти од 27 април.

Од партијата на Никола Груевски велат дека со тоа што бараат ослободување на насилниците, не го менуваат ставот во правец дека физичкиот напад врз пратениците беше голема грешка на дел од демонстрантите, ниту пак се повлекуваат од неговата осуда, но, посочуваат, „имајќи ги во предвид неправдите со ослободување по политичка интервенција и договор на сторители на идентични или потешки кривични дела, сметаат дека правично е да се ослободат и овие лица“.

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до медиумите потенцира дека овој чин ќе придонесе кон помирување во Македонија и релаксирање на политичките тензии.         

Не изостануваат и обвнувањата за владеачката партија. ВМРО ДПМНЕ ја обвини СДСМ за селективна правда и политички реваншизам, потенцирајќи дека покренуваат иницијатива за итно и неодложно ослободување и амнестирање на сите лица кои извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите пред и во парламентот на Република Македонија на 27-ми април 2017-та година.

Слично

Поврзани вести