Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди изјавите на Сфетас, побара од владата да се избори за почит

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди изјавите на Сфетас, побара од владата да се избори за почит

Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е производ на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови, рњгаира ВМРО-ДПМНЕ кој ги оцени одговорите во интервјуто за Дојче Веле на професорот Спиридон Сафетас како навредливи,

Сфетас е член во интердисциплинарната македонско-грчка комисија која ќе одлучува како да се променат содржините во учебниците по историја така што да не предизвикуваат омраза. Неговиот став е дека македонската нација настанала како производ на антагонизмот помеѓу Србија и Бугарија во минатиот век, а комунистичката идеологија го дозволила тоа.

„СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија. Срамно и недозволиво е што СДСМ со нивната антидржавно делување ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана. СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа“, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сфетас вчера на прашање од ДВ не тврдеше дека македонската е вештачка нација, но дека е створена на основа на антагонизам и на комунистичка идеологија.

„Факт е дека за македонската нација се залагале комунистите. Ако го земете ВМРО, Михајлов, Протогеров, Александров, па и ВМРО-Обединета, Димитар Влахов, на пример, сите тие, па и Влахов се идентификувале како Бугари од Македонија. Но, притоа постоела една критична маса меѓу луѓето кои сакале да се издвојат од Бугарите и Србите. Тоа значи дека Македонизмот е резултат на српско-бугарскиот антагонизам, а притоа и условите биле поволни за еден таков развој. Оттука тоа не значи дека биле формирани како некаква вештачка нација. Важно е дека македонизмот се покажал како успешен процес, наспроти, да речеме примерот со Молдавија и Молдавците. Таму беше многу вештачки и затоа не успеа. Ако ја споредите Молдавија со Северна Македонија, ќе видите дека таму луѓето се декларираат како Романци, додека тука не се декларираат како Бугари или Срби. И кога зборуваме за вештачки, тоа само значи дека тука не се работи за еден нормален процес како кај историските нации во 19-от век“, изјави Сфетас.



Слично

Поврзани вести