Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОДМРЗНУВА ОДНОСИТЕ СО ПЕНДАРОВСКИ - во петок средба по изјавата на претседателот за 27 април

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОДМРЗНУВА ОДНОСИТЕ СО ПЕНДАРОВСКИ - во петок средба по изјавата на претседателот за 27 април

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги одмрзнува односите со шефот на државата Стево Пендаровски.

Во петок ќе се одржи средба меѓу претседателот Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова на денешниот брифинг со новинарите го потврди лидерот на опозициската партија, Мицкоски, кој објасни дека токму пред брифингот имал телефонски разговор со претседателот Пендаровски, на кој се договориле да ја одржат средбата.

Ова следува по изјавата на Пендаровски за настаните од 27 април 2017 година. 

„Ние бараме да им се суди за тоа што го сториле, а не за нешто што некој измислил. Влегле во парламент, да, имало насилство, но немало тероризам и велиме дека не треба таква казна. Не бараме амнестија. Сериозна сила е ако претседателот и опозицијата достават вакво барање. Зошто на овие луѓе да не им се суди за тоа што сториле. Не треба етнички призвук. Или има правда или башибозук. Амнестија не бараме“, објасни Мицкоски за настаните од 27 април.

На средбата опозицискиот лидер и шефот на државата ќе разговараат за оваа тема, како и за други актуелни случувања во земјава. 

Како што е познато, во едно свое неодамнешно телевизиско гостување, претседателот Пендаровски рече дека осудените за случувањата на 27 април треба да одговараат за претепување, а не за тероризам.

Тој тогаш нагласи дека би се согфласил со ново судење за овие осудени лица.

Сепак, Пендаровски потенцираше дека нема да даде помилување за осудените за насилствата од 27 април 2017 година. 

Слично

Поврзани вести