ВМРО ДПМНЕ ги објави: Ова се кандидатите меѓу кои ќе бира партијата за шеф на државата
Во ВМРО ДПМНЕ се поднесени десет кандидатури од кои една е отфрлена поради доцно поднесување.
Кандидати кои ги исполниле условите се: Никита Шектуковски, Ѓорги Манасков, Влатко Ѓорчев, Васко Костов, Гордана Силјановска Давчева, Илија Димовски-професор во пензија, Филип Петровски, Гордан Ангелов , Сашко Кутлешоски.
-Никита Шектукоски, доктор по математички науки и редовен професор на природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика; -Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија; -Васко Костов, фармацевтски техничар; -Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ; -Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем; -Илија Димовски, професор во пензија на шумарски факултет при УКИМ во Скопје; -Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив; -Горан Анѓелов, пратеник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат; -Сашо Кутлешоски, доктор по земјоделски науки
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски кажа дека сите кандидати ќе имаат еднакви можности и третман да бидат избрани согласно принципите и демократијата.
ВМРО ДПМНЕ ќе им овозможи еднакво пристап до општинските комитети на партијата од 6 до 16 февруари за да можат да ја презентираат нивната програма и визија за Македонија.
Меѓудругото ВМРО ДПМНЕ, како што соопшти Мисајловски ја повикува власта да престане да ги става личните и партиските интереси над државните.
