ВМРО ДПМНЕ ГИ ИЗБРКА, СЕГА ЌЕ БИДАТ НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ: Канческа Милевска на чело на избрканите од опозицијата
Нова пратеничка група од денеска ќе дејствува во Собранието.
Избрканите пратеници од ВМРО ДПМНЕ на чело со пратеничката Елизабета Канческа Милевска која ќе биде координатор ја формираа новата независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со осумтемина пратеници кои гласаа „за“ пристапување кон уставни измени.
За ова денеска собранискиот спикер ги информирал координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието .
Според најавите новата независна група денеска би требало да има разговори со своите колеги од СДСМ во врска со нацрт уставните амандмани.
Инаку до пладне Собранието не ги доби нацрт-амандмните за уставните измени и нема официјални најави кога би можело да се случи тоа а не е доставен ниту пак предлог-законот за амнестија од опозицијата.
