Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е уцена

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е уцена

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија.

Додаваат дека падна бугарската влада, а треба да падне и владата на Димитар Ковачевски во Македонија. 

„Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија. Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции? СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот. Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш“, стои во соопштението.

Во земјава има критики за францускиот предлог кој вчера стигна во Софија, и е со цел Бугарија да го тргне ветото за Македонија за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.

Медиумите објавија  што содржи предлогот за јазикот и за внесување на Бугарите во Уставот. 

Слично

Поврзани вести