ВМРО-ДПМНЕ: Фотографијата на Силјановска Давкова е стара 5 години, Ковачев е со изменет лик денес
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека заедничката фотографија која ја објави СДСМ со претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев е стара пет години.
Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа било случајна средба на заеднички настан од 2019, а портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски тврди дека Ковачев, познат во македонската јавност како политичар кој го негира македонскиот народ, денес има изменет лик.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија, каде што ќе присуствуваат на дводневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП),
