ВМРО-ДПМНЕ: Филипче добил „ауди“ на лизинг од „Зобек“
ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од возило за кое тврди дека му припаѓа на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, а при тоа обвини дека тој го добил автомобилот на лизинг од компанијата „Зобек мининг груп“ кој во изминатиот период наводно му продавал на ЕСМ три пати поскап јаглен за потребите на РЕК Битола.
„Ова е возилото Ауди Q8 кое Венко Филипче го вози од изборната кампања наваму. Истото е купено на лизинг од компанијата Зобек мининг груп и дадено на Венко Филипче.
Газдата на Зобек мининг груп за новинарите потврдил дека тој го купил аудито на Венко Филипче, преку фирмата која препродавала три пати поскап јаглен на ЕСМ и дека сега возилото е на Филипче.
Ова е фрапантно и безобразно. Народот плаќа поскапа струја денес за Венко Филипче да вози Ауди Q8. И истиот овој Венко Филипче без грам срам води политичка партија и бара гласови“, објави денеска Крсто Петрушевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
