Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Економското цунами ја урниса економијата, веднаш треба да се прекине со покачувањето на цените

ВМРО-ДПМНЕ: Економското цунами ја урниса економијата, веднаш треба да се прекине со покачувањето на цените

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ детално се елаборира за економските проблеми кои се одразуваат врз животот на граѓаните.

Покачувањето на акцизата е целосно неоправдано, непромислено и неосновано. ВМРО-ДПМНЕ бара овој нов вид на данок за сиромашните веднаш да биде укинат. Граѓаните не се должни да ги крпат буџетските дупки предизвикани од расипништвото на картелот на власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, покачувањето на акцизата на дизелот ја предизвикала спиралата на покачувања. „Зголемени се трошоците за живот и цените на мало, тоа е директна последица на покачувањето на дизелот. Економското цунами ја урниса економијата. Дизел горивата кои беа 46 денари, сега се 63 денари. Секој поминат ден, состојбата е се полоша“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден резервоар, додаваат оттаму, на семеен автомобил кој пред неколку месеци се полнел со 1500 денари, сега истиот се полни со 2400 денари.

„Вкупниот трошок за домаќинствата и за стопанството предизвикан од покачената акциза достигнува милиони. Приближно 50 милиони евра плаќаат повеќе граѓаните, превозниците, земјоделците, пекарите, индустријата и сите други поради овој непромислен потег на картелот.

Тие апелираат на промена којашто ја предлагаат оттаму.

 Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта, да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да се укине покачувањето, кое е на огромна штета како на граѓаните, така и на државата во целост“, се вели во соопштението.


Слично

Поврзани вести