ВМРО-ДПМНЕ „доби“ една тужба за поткуп на гласачи
Управниот суд прифати само една тужба поднесена од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на подмитување гласачи за избор на членови во Советот на Град Скопје, на гласачкото место 2461 во општина Сарај.
Откако ќе ја добие одлуката, Државната изборна комисија треба да се изјасни дали прегласување на ова избирачко место може да влијае врз изборниот резултат.
Управниот суд се изјасни за сите 28 тужби поднесени за првиот круг од локалните избори, при што 24 од нив беа од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите од ТМРО, Левица и Алијасната за Албанците.
Слично
