ВМРО-ДПМНЕ до Груби: Да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако првиот вицепремиер Артан Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги.
„Очигледно Артан Груби вознемирен од фактот што ДУИ може да оди во опозиција измислува пораки од Христијан Мицкоски. Груби веројатно се помешал со срцепарателните пораки и молби и лелеци до Ковачевски да не го пушти во опозиција. Ако Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги. Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска задруга, туку како вицепремиер на владата во заминување“, велат од партијата.
Груби претходно изјави дека Мицкоски нема ништо против Албанците, ниту против Албанец премиер, а како потврда рече дека во 2020 година, кога се преговараше за преземање на владата од ВМРО ДПМНЕ, до ДУИ стигнал и ваков предлог. Рече дека сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ нудело една, а потоа и две години Албанец премиер само да бидат во влада со нив во 2020 година.
