ВМРО-ДПМНЕ: Директорката на Гинекологија е заштитена затоа што другарува со Зорица Заева
ВМРО-ДПМНЕ смета дека за смртта на 33-годишната пациентка на Клиниката за абдоминална хирургија поради комплицинарана операција е одговорна директорката Викторија Јовановска, за која што најголемата опозициска партија вели дека е заштитена затоа што другарува со сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева. Оттаму посочуваат дека е направена, како што велат, огромна лекарска грешка, пациентката починува, но дека односот е како ништо да не се случило. По реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за родилка на која и биле пресечени цревата наместо папочната врвка, директорката на ГАК, д-р. Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена, вчера рагираше дека станува збор за дезинформации.
– Зошто? Затоа што таа е пријателка на жена му на Заев, а кога некој е пријател на фамилијата, пријател на Венко Филипче зборот одговорност не постои. Директорката пак, Викторија Јовановска како да не знае да прави ништо друго освен грешки. На стартот на директорскиот мандат се „прослави“ со починати новороденчиња, а сега почнаа да и умираат родилки. За Филипче, Заев и нивната банда постои само бегање од лицето на правдата, заобиколување на законите. Но, ова не е прв, очигледен ни последен случај да се молчи и виновниците да не излезат пред лицето на правдата. Минатата година родилка од Дебар која замина во болница да се породи остана без три органи. Исто постапување или во превод одговорност нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека министерот за здравство Венко Филипче се обидува да ги скрие грешките на блиските со кои има исти интереси, а тие грешки чинат живот и дека формирањето на комисии и повикување на надлежните служби се само бегање од одговорноста.
