ВМРО ДПМНЕ ДЕМАНТИРА дека некој од обезбедувањето на Груевски се јавил на 27 април
ВМРО ДПМНЕ денеска излезе со демант за информацијата дека наводно човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април.
-Тоа е комплетно неточно. Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавноста, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека било скандалозно што во јавноста протече цел обвинителен акт, при што на одговорност треба да се повика Претседателот на Судот Иван Џолев.
Слично
