ВМРО-ДПМНЕ ДЕФИНИРАЛЕ 15 ИМИЊА ЗА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ - Мицкоски вели дека се фаворити
ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на кандидати за претстојните локални избори, а до средината на јули ќе соопшти уште толку.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, вчера вечерта во гостување на ТВ Сител, рече дека се работи за комплетно нови имиња.
„За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември“, нагласи Мицкоски.
Актуелните 15 имиња, дополни, се сериозни фаворити, зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници.
Слично
