Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад „Пин Петрол“ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад „Пин Петрол“ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски?

Орце Ѓорѓиевски во името на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција запраша дали фирмата „Пин Петрол“ на чија изградба на бензинска станица лопата фрли Оливер Спасовски е во сопствеништво на министерот за внатрешни работи.

Оваа фирма, како што тврди Ѓорѓиевски, добила тендер за технички преглед на моторни возила и е формално во сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски.

„Неговиот татко е главен финансиер на СДСМ Куманово. Ова е извадок од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, од каде се гледа дека МВР после лиценцата му дала и тендер на татко на Петрушевски за отворање на технички преглед за моторни возила. Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте“, рече гласноговорникот на најголемата опозициска партија.

Тој додаде дека фирмата за една година отворила и бензинска пумпа и станица за технички преглед за моторни возила. 

„Јавноста шпекулира и отворено се прашува, дали зад ПИН ПЕТРОЛ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!?“, рече Ѓорѓиевски.

Тој ја повика Антикорупциската комисија да го истражи случајот со бензиската станица и доделувањето на лиценцата за технички преглед.

„Дали бизнисите на Пин Петрол, како што е и скорешната лиценца за технички преглед се резултат на влијание од страна на Оливер Спасовски и неговиот советник и дали истиот има материјален интерес од разработувањето на оваа фирма!?“, повика тој.


Слично

Поврзани вести