Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и како се поврзани Шилегов и Богоев?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и како се поврзани Шилегов и Богоев?

Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има градоначалникот Петре Шилегов со него? Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје, прашаа денеска од ВМРО ДПМНЕ.

„Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара? Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара? На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат. Колку чини овој шверцерски ДУП, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тврдат дека е време да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. 

Слично

Поврзани вести