Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Дали е вистина дека власта крие лица припадници на еден нарко картел - ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА ЗОШТО МУ СЕ ДАДЕ ВРЕМЕ ДА ИЗБЕГА НА ЕДЕН ОД СТОРИТЕЛИТЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали е вистина дека власта крие лица припадници на еден нарко картел  - ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА ЗОШТО МУ СЕ ДАДЕ ВРЕМЕ ДА ИЗБЕГА НА ЕДЕН ОД СТОРИТЕЛИТЕ

МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот. Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство?

Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема траги на насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство?

Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?“, прашуваат од опозициската партија.

Слично

Поврзани вести