ВМРО ДПМНЕ будно ќе ја следи работата на Заев да не ги прекрши гаранциите
Откако претседателот Иванов му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, неговиот опонент ВМРО ДПМНЕ се јави со став околу ова прашање.
Пратеникот Никола Тодоров рече дека ВМРО ДПМНЕ будно ќе ја следи работата на Заев кој како рече требало порано да ги даде гаранциите на Иванов и да се огради од таканаречената Тиранска платформа со што Македонија немало да мора да ги минува овие месеци во криза и дека досега ќе биле деблокирани сите институции и ке сме имале локални избори.
Тодоров ја обвини СДСМ дека ги погазила Уставот, Деловникот и Законите со обидот да го изберат Талат Џафери за нов собраниски спикер.
„Денешното добивање на мандатот е само затруен плод на затруено дрво“, рече Тодоров за мандатот кој Заев го доби после повеќемесечно чекање.
