ВМРО-ДПМНЕ: Безбедноста е сериозно нарушена, Спасовски веднаш да си поднесе оставка
СДСМ и Оливер Спасовски се обидоа да сокријат убиство, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Преку нивните медиумски перјаници се обидуваат да ја изманипулираат јавноста дека ништо не се случило. Бруталната ликвидација ја квалификуваа како насилство“ - вели тој.
Никола Саздовски го плати данокот на животот кој ни го донесе СДСМ, додава тој.
Се бара оставка веднаш од Спасовски.
Прашуваат каде е третиот сторител, дали некој воопшто го бара.
Од партијата прашуваат дали овој ќе биде само уште еден заташкан случај, откако е СДСМ на власт.
Велат дека Спасовски не е способен да ја врши фунцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека имаше избодено момче навивач пред неколку месеци на Рекорд, а повеќе случаи и убиства не се разветлени.
