Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија. Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на неговите неистомисленици. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење“, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија.
Од таму велат дека Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници и дека таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со премиерот Зоран Заев.
„Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот кој не бира средства и начини за вршење тортура врз политичките противници на власта. Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценца на криминалната транзиција мора да се стави крај“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
