Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: БДП-растот од 4,1 отсто не е реален

ВМРО-ДПМНЕ: БДП-растот од 4,1 отсто не е реален

ВМРО-ДПМНЕ за кварталниот раст од 4,1 отсто на БДП објавен вчера вели дека изгледа висок само поради тоа што генерално економијата е мошне слаба.

„Шаторите на работниците од Еурокомпозит пред влада потсеќаат на едно мрачно минато.Десетици работници од Прилеп поради безизлезноста во која ги втурна Заев сега ноќеваат пред влада.

Колку успешна е економската политика на Заев се гледа и по се пополните автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат Македонија.

Доколку Македонија оди напред болни деца ќе се лечат со пари од ФЗО, а не со СМС пораки.Вистинската слика за економијата не е розева како што Зоран Заев и неговите перјаници се обидуваат да претстават.

Наводниот раст од 4.1% е уште една голема лага. Растот е во проценти толкав само затоа што лани беше катастрофално низок.

Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев. Граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден. Заев треба да си замине, затоа што не постигна никакво реално подобрување на животот на граѓаните“, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести