Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара разврска за сообраќајката на заменик-министерот Лазовски

ВМРО-ДПМНЕ бара разврска за сообраќајката на заменик-министерот Лазовски

„МВР на Оливер Спасовски речиси две недели сѐ уште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. Тој направи сообраќаен прекршок, со службено возило без документација за дозвола за управување, загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи. Лазовски ја злоупотреби  својата позиција и својата функција и уште еднаш покажа дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со која го загрозува животот на македонските граѓани“ рече Иванка Василевска од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ова барање го упати пред Министерството за култура, бидејќи Лазовски како доскорешен актер сега е заменик-министер за култура.

„МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура, Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се, и ќе заминат со одлука на граѓаните како што треба. Сакаме да потсетиме и да прашаме дали „метлата“ која ја понуди Драган Спасов-Дац, кој пред речиси неполна година исто така во пијана состојба, како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, демонстрира чистење или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт. Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава?“, додаде Василевска.

Таа повикува на одговорност и совесност и посака разјаснување на случајот со најдобри намери за Република Македонија. Според фотографиите кои беа објавени тогаш, Лазовски со службеното возило се обидел да заврти полукружно на полна линија кога мотоциклист се заби во крилото од автомобилот.

Слично

Поврзани вести