Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на зимскиот распуст за 2 недели

ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на зимскиот распуст за 2 недели

ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на зимскиот распуст за 2 недели. Сметаат дека така е најдобро за децата и дека бројот на заразени ќе се намали. 

Наведуваат дека во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.

„Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме продолжување на зимскиот рапуст за две недели.  Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето“, велат од партијата. 

За 24 часа, направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19. 

Децата повеќе фаќаат корона дома отколку во училиште е главниот аргумент за комисијата за заразни болести која е против продолжување на зимскиот распуст.

Слично

Поврзани вести