Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара од Антикорупциска да отвори предмет за фирма на министерката во заминување, Нина Ангеловска

ВМРО-ДПМНЕ бара од Антикорупциска да отвори предмет за фирма на министерката во заминување, Нина Ангеловска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за случај со фирмата „Вебспот“, која според нив е во сопственост на Нина Ангеловска, досегашната министерка за финасии.

На денешната прес-конференција, партискиот портпарол, Наум Стоилковски рече дека постојат сериозни сомневања дека Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата.

-Фирмата „Вебспот“, во сопственост на Ангеловска, на 08.јули земала 210.909 денари, на 12.јуни – 224.750 денари, а и на 19.мај-224.750 денари, од помошта од мерките наменети за ублажување на кризата од епидемијата на Ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари. Ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има. Ова е втора злоупотреба во низа на Ангеловска, откако јавноста дозна дека навреме ги извадила своите 250.000 евра од пропаднатата банка Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.


Слично

Поврзани вести