Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара избори, велат време за губење нема

ВМРО-ДПМНЕ бара избори, велат време за губење нема

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одржување на избори. 

Од нивната пратеничка група бараат распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со вториот круг од претседателските избори во мај.

Тие го повикаа премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка од функцијата премиер во најкус можен рок, за да се испочитуваат роковите од сто дена за составување на техничка Влада. Велат дека време за губење нема.

„За овие две години откако Зоран Заев и СДСМ се на власт, Република Македонија го допре дното. Не можеме да дозволиме оваа ненародна власт да продолжи да нанесува штети на државата во секој сегмент. За две години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно“, вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека нема да ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот одбор на СДСМ до крајот на неделава ќе пресече дали тие се прифатливи за нив.

Слично

Поврзани вести