Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Рубитон и РЕК Битола: ЕСМ да не се мешаат во судскиот спор

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Рубитон и РЕК Битола: ЕСМ да не се мешаат во судскиот спор

Постојат најмалку 250 илјади причини обвинителството да се разбуди и да го испита случајот рекет во РЕК „Битола“, а ако добро прочепкаат, можеби ќе излезат милиони причини за отворање на случај, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што потсетуваат дека фирмата „СВ инвест“ отвора мистериозно брзо стечајна постапка, извесно време откако е спомената во пријавата до МВР за изнуда на 250 илјади евра. Денеска од Елекстрани на С. Македонија - ЕСМ соопштија дека сметаат оти политички партии врштат притисок врз судството во врска со судскиот случај кој се води меѓу РЕК Битола и фирмата Рубитон.

Од ВМРО ДПМНЕ повторно прашаа дали сопственикот на фирмата СВ ИНвест, лицето Столе Чифлигароски, во меѓувреме ја напуштил државата и дали останал должен кон државата речиси 2,5 милиони евра даноци? 

„Потсетуваме дека оваа компанија и нејзиниот сопственик беа посочени од страна на фирмата која го пријавила случајот за изнуда како чинителот на кој треба да му се отстапи дел од бизнисот или на која треба да и бидат уплатени 250 илјади евра, доколку изнудуваната фирма сака да продолжи да работи во РЕК „Битола“. Во оваа пријава се споменуваат и тогашниот директорот Ковачевски, Вице и хотелот ‘Парк’ во Струмица, пишува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

АД ЕСМ пак денеска повикаа политичките фактори да се повлечат од употребувањето на судски процеси кои се во тек за освојување политички поени, бидејќи со тоа овозможувале простор за сомнеж во идните одлуки кои се очекуваат.

„Компанијата АД ЕСМ преку својата подружница РЕК Битола ги почитува сите процедури на судската постапка и ги приложи и ги приложува сите потребни документи и правни аргументи со цел прикажување на комплетната слика за предметниот процес.

 Апелираме до судските и другите надлежни органи да одлучуваат исклучиво согласно законите и позитивните законски прописи и да не подлегнуваат под наведените неодговорни политички дејствија од одредени политички партии, стои во соопштението од ЕСМ.



Слично

Поврзани вести