ВМРО ДПМНЕ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ДО СОБРАНИЕ: За што ја обвинуваат владеачката гарнитура?
Опозициската ВМРО ДПМНЕ предаде барање до Собранието за организирање на седница на која би се гласало за доверба на владата на Зоран Заев.
Во барањето актуелната влада ја обвинуваат за криминал, растечка корупција и економска стагнација.
Како се наведува,се очекува пратениците да расправаат за овој предлог на седница во среда.
Предлогот на ВМРО ДПМНЕ има малку шанси да биде усвоен, со оглед на тоа дека имаат 53 пратеници од вкупно 120 во парламентот.
Во образложението кое го поднеле до Парламентот, наведуваат дека кабинетот на Заев, инаку лидер на СДСМ, „нема капацитет да ја води државата“.
„Владата изгуби 10 месеци. Пензионери, вработени, земјоделци, социјални работници, млади и многумина се жалат“, стои во образложението.
