Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара Димитриевски да одговара, а тој обвинува за монтажа

ВМРО-ДПМНЕ бара Димитриевски да одговара, а тој обвинува за монтажа

Драган Петковски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски мора да одговара затоа што на момче му скршил два заба заради патриотска песна. 

„Не казнувањето на Димитриевски ќе ги стимулира и другите насилници дека се над законот“ - рече Петковски. 

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека местото на криминалците и насилниците е во затвор, а не во политиката. Ја повикаа полицијата и јавниот обвинител веднаш да превземаат мерки против Димитриевски, бидејќи според нив постои сериозна загриженост дека може да го повтори делото. 

Димитриевски вели дека ова е класична монтажа и дека тој иако бил нападнат го претставуваат како насилник. 

Според него, МВР не ги брани жртвите туку насилниците. 

Димитриевски деновиве беше нападнат од неколкумина полициски службеници облечени во цивилка, додека го прославувал роденденот на својата сопруга во ресторан во Куманово. 

Слично

Поврзани вести