ВМРО-ДПМНЕ бара, а СДСМ прифаќа пратениците да имаат само македонско државјанство, но тоа да важи и за овој состав
Oткако ВМРО-ДПМНЕ побара, СДСМ се изјасни дека го поддржува предлогот пратениците да имаат само македонско државјанство, но бара тој да важи и за сегашниот собраниски состав.
„Предлагаме и пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонијо Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата“, стои во реакцијата на СДСМ.
Предлогот за законски измени кој денеска го упати опозициската партија се случува откако бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красмир Каракачанов, објави список на лица кои поседуваат бугарски државјанства, а се македонски граѓани. Многу од имињата се совпаднаа со имиња на пратеници. По ова, многу од пратениците остро реагираа дека не поседуваат бугарско државјанство.
