ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска треба да си ја преиспита деловната способност
OД ВМРО -ДПМНЕ велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска треба да си ја преиспита деловната способност пред да објавува наводни закани кон нејзе.
Таа вчера во Само интервју на Канал 5 тврдеше дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски се заканувал дека кога ќе стане премиер ќе ја влечкаат по улици и со неа ќе го бришат подот.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека овие изјави на Арсовска се резултат на тајните средби со премиерот Димитар Ковачевски и дека ако навистина имало закани таа досега ќе ги пријавила до надлежните институции.
Од власта велат дека токму овие изјави на ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека нема промени во однесувањето на опозицијата, но и дека скопјани не требало да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска.
Арсовска кажа дека се реализирани доста проекти, но дека поради црната кампања не доаѓаат до израз. Градоначалничката извесно време е во нарушени односи со ВМРО-ДПМНЕ.
