Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека скопската градоначалничка Данела Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното. 

Според нив, сите други се виновни, само таа не е, а истата е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје.

„Данела Арсовска од градоначалник на најголемата локална самоуправа во државата, неуспешно бараше кој град е полош од неа, еве да и ги скратиме маките на Арсовска, полош град и градоначалник од неа нема. Данела Арсовска стана единица мерка за неспособност и криминал. Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави. Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна“, велат од партијата. 

Арсовска вечерва во вестите на Сител изјави дека таа нема да се повлече затоа што ништо не згрешила. 

Слично

Поврзани вести