Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова

Oд ВМРО-ДПМНЕ му одговорија на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека нема ниту мајоризација, ниту шовинизам. 

Додаваат дека не е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и да се соочи со одговорност. 

„Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од Владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ. Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција. Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците. Ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спаси од одење во опозиција и ќе ги сокрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата. Првото ветување исполнето, ДУИ оди во опозиција“, се вели во соопштението од партијата.

Ахмети претходно праша зошто има избори, ако македонска партија одлучува за Албанците. 

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, пред медиумите ги критикуваше постапките на Европскиот фронт, кој вчера ја напушти салата пред да гласа за претседател на Собранието. Касами во оваа прилика рече дека нивната постапка е срамна и побара Европскиот фронт да има конструктивна улога во опозицијата.

Слично

Поврзани вести