Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ се ребрендира

ВМРО-ДПМНЕ  се ребрендира

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ  се ребрендира. 

„Македонија за сите луѓе“ е мотото на новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. Неа претседателот Христијан Мицкоски ја промовираше вчеравечер на прославата на 31-виот роденден на партијата во Охрид. Тој кажа дека се обраќа кон сите во Македонија, кои своите идеали ги наоѓаат во десниот политички спектар, и тоа, како што рече, од мекиот центар до крајната десница, кои доколку се здружат, ќе нема кој да ги победи. Партијата ќе се ребрендира и визуелно, па наместо како досега, две бои, црвена и црна, отсега ќе има осум. Целта на ова визуелното ребрендирање е да се покаже дека секој еден е важен, дека има свои вредности. 

И сто слогани да ископираат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да излезат од режимската матрица и одбраната на криминалот, велат од СДСМ. 

Слично

Поврзани вести