Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара референдум и за Договорот со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ  бара референдум и за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог до Собранието за организирање референдум на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија.

„Ваквата одлука е донесена врз основа на последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која беше донесен заклучок дека не смее да биде заобиколена ниту стручната јавност, ниту народот.  Имајќи предвид дека овој договор се потпиша, но сѐ уште парламентот го нема ратификувано и со тоа сѐ уште не е важечки, ВМРО-ДПМНЕ смета дека пред изјаснувањето за овој договор од страна на пратениците, правилно е да се слушне мислењето на граѓаните“ - изјави Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој додава дека имајќи ја предвид важноста на овој договор, отстапките направени во него од страна на власта во Македонија, и последиците кои ќе бидат долгорочни и поприлично ќе го надминат векот на постоење на оваа влада, демократски е, и највисок демократски и морален  чин е да се даде можност за изјаснување од страна на сите граѓани на Македонија, пред членовите на парламентот да го усвојат овој меѓународоен договор, и тој да стане валиден.

Слично

Поврзани вести